Промени тема
Контакт

Сведок го опиша пукањето на плажата Бонди како „апсолутен колеж“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryie2kqjlsi1ubebLkv8c

Сведок на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј, со крваво лице и завој околу главата, го опиша инцидентот како „крвопролевање и апсолутен колеж“. Во изјава за австралиската телевизија 9News, тој раскажа дека во моментот на нападот се наоѓал на плажата со своето семејство, каде што се одржувала прослава на Ханука со присуство на стотици луѓе.

Според неговите зборови, на настанот имало деца, постари лица и семејства кои мирно ја прославувале вечерта, кога одеднаш настанал целосен хаос.

— реклама —

„Децата си играа, а потоа одеднаш се слушнаа истрели. Луѓето паѓаа на земја, сите се криеја – тоа беше целосен хаос“, изјави сведокот, додавајќи дека во првите моменти никој не знаел од каде доаѓа престрелката.

Тој, кој побарал да остане анонимен, наведе дека последните 13 години живеел во Израел и дека ги преживеал нападите од 7 октомври 2023 година. Во Австралија пристигнал пред две недели со цел да работи со еврејската заедница во борбата против антисемитизмот.

— реклама —

Сведокот изјави и дека за време на нападот видел најмалку еден напаѓач кој пукал „случајно, во сите правци“, додека луѓето околу него паѓале и се обидувале да се засолнат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

(Видео) Пукање во училиште во Тајланд: „Стоев пред наставничката кога ја застрела“

Свет | пред 3 седмици

media-library0ob7h2r2mui10tDyP1j

Вознемирувачко видео од Гостивар: Млади пукаат со пиштоли, снимките се шират на социјалните мрежи

Македонија | пред 1 месец

media-librarynap1s2c0mmkvcjDPpur

Пукање во белградско кафуле: Го поздравил со ракување, па го убил

Балкан | пред 2 месеци

media-libraryeiujeacrlc0hczx0yvD

(Видео) Пукање на забава покрај езеро во Оклахома: најмалку 12 ранети

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања