Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Шведска се вооружува, троши се повеќе пари за ракетна артилерија, сателитска навигација и воздушна одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-18-5280PM

По прогнозата дека светот се движи кон точка каде што САД повеќе нема да придонесуваат за одбраната на Европа, Шведска се подготвува да потроши значително повеќе пари на своите вооружени сили - како и на украинската армија.

Десетици милијарди долари во текот на шест години ќе финансираат многу работи кои Америка веројатно веќе нема да може да ги обезбеди: ракетна артилерија, сателитска навигација и воздушна одбрана. Инвестициите во одбраната, мерките против хибридните закани и зголемената поддршка за Украина се главните ставки во зголемувањето на буџетот што минатата среда го објави шведската влада, пишува Форбс.

— реклама —

„Руската агресија против Украина е клучна за безбедноста на Шведска и цела Европа“, објасни владата на премиерот Улф Кристерсон.

Милијарди долари од шведскиот буџет за одбрана на Украина 37-месечната војна на Русија против Украина ја наведе Шведска да се приклучи на НАТО минатата година по продолжениот период на пристап, кој беше искомплициран со приговорите од Турција. Истата агресија ја поттикна претходната шведска влада да ги зголеми трошоците за одбрана од помалку од два отсто од бруто домашниот производ на нешто над два отсто.

— реклама —

Доколку се спроведе планот на Кристерсон, Шведска ќе потроши 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година, што претставува тројно зголемување на трошоците за одбрана во текот на една деценија. Ова е големо зголемување, со милијарди долари наменети за Украина.

Шведска, некогаш неутрална земја и главно воено самодоволна, веќе има широка и разновидна воена индустрија која произведува борбено возило CV90, борбен авион Грипен, мобилна хаубица Арчер и модерни подморници и воени бродови.

— реклама —

Сепак, како и сите членки на НАТО, Шведска во голема мера се потпира на САД за одредени клучни способности. Швеѓаните го користат американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од закани од долг дострел, навигација со помош на американскиот сателитски систем ГПС и користат широка мрежа на американски сателити за разузнавачки информации.

Еден од приоритетите е да се намали зависноста на шведската војска од американскиот систем за навигација ГПС, делумно преку поголеми инвестиции во европската алтернатива - системот Галилео. Вториот приоритет е зајакнување на ракетната артилерија, со оглед на тоа што НАТО веќе не може да смета на американските ракетни системи ХИМАРС.

— реклама —

Најголемиот предизвик за Швеѓаните може да дојде од замена на системот Патриот. Всушност, постои само една алтернатива на системот Патриот со домет од околу 150 километри: француско-италијанскиот SAMP/T. Сепак, производителот на ракети МБДА произведува само неколку такви батерии годишно.

Ако шведската влада е навистина сериозна во врска со намалувањето на воената зависност од Соединетите Држави, треба да се очекува дека Шведска ќе ги истражи можностите за стекнување и проширување на програмата SAMP/T.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SeKXr-

По договорот меѓу САД и Иран, нафтата поевтини, а сообраќајот низ Ормутскиот теснец се нормализира

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryg2fouf7iasog4wTb7m2

Иран го обвини НАТО за соучесништво во „незаконската агресија“ на САД и Израел

Свет | пред 13 часа

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Трамп тврди едно, Техеран друго: Неизвесна судбината на инспекциите во Иран

Свет | пред 1 ден

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски му предложил на Трамп да го доведе Путин во САД

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања