Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шведскиот премиер призна дека бара совети од ChatGPT како да ја води државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
svedska

Шведскиот премиер Улф Кристерсон предизвика лавина реакции откако во интервју призна дека повремено се консултира со ChatGPT за стратегии за водење на државата, пишува Gizmodo.

— реклама —

„Го користам прилично често. Ако не за ништо друго, тогаш за второ мислење – што направиле другите? Дали треба да мислиме спротивно? Такви прашања“, изјави Кристерсон.

— реклама —

Изјавата наиде на остри критики од експерти и медиуми. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна вештачка интелигенција на Универзитетот Умео, предупреди дека ваквиот пристап е „лизгав терен“.

„Колку повеќе се потпираме на вештачка интелигенција за едноставни работи, толку е поголем ризикот од преголема доверба во системот. Не гласавме за ChatGPT“, истакна таа.

— реклама —

Новинарката Сигне Кранц од Aftonbladet оцени дека управувањето со држава со помош на chatbot „не е патот по кој треба да оди западната цивилизација“. Таа потсети дека ваквите системи имаат тенденција да напишат она што корисникот сака да го чуе, наместо она што навистина треба да го чуе, што кај политичарите може да доведе до потврдување на веќе постоечките ставови, наместо добивање објективен совет.

— реклама —

Не е јасно дали Кристерсон навистина се потпира на ChatGPT во извршувањето на своите должности или само сакал да звучи современо со споменување на популарната технологија. Сепак, случајот ја отвори дебатата за тоа колку далеку може да оди ваквата практика и како влијае на способноста за самостојно донесување одлуки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Шведска се враќа кон книгите: Помалку екрани, повеќе читање и пишување

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Шведската влада ги забрани ChatGPT и Claude на владините компјутери

Свет | пред 2 седмици

media-librarytapdvptrhlcdc0yJXvA

(Видео) Меч за паметење во Шведска: 11 гола во едно полувреме, победнички гол во 90+9. минута!

Спорт | пред 1 месец

media-libraryej2ullc6eais6dhI3az

Шведски модел - како една земја ја менува културата на пушење цигари?

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања