Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Свети Јаков Персиец: Денот посветен на маченикот што се врати кон верата по горко покајание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryd4ebnijb5ecm1uMdPZ3

Православната црква денес го празнува Светиот маченик Јаков Персиец, христијанин роден во персискиот град Елапа (или Вилат), кој поради својата мудрост и способност станал омилен и возвишен во дворот на царот Издигерд. Поласкан од царската наклонетост, Јаков се откажал од Христовата вера и им принесувал жртви на персиските идоли.

— реклама —

Кога за неговото отстапништво слушнале неговата мајка и жена, му напишале длабоко прекорно писмо, во кое го оплакувале како „душевно мртов“, но и го молеле да се покае и да се врати кон Господ. Овие зборови силно го потресле. Јаков се покајал и храбро ја исповедал верата пред царот.

Издигерд го осудил на најтешка смрт: да биде исечен дел по дел. Џелатите најпрво му ги отсекле прстите на рацете, потоа на нозете, па рацете, нозете, рамената и на крај – главата. Во текот на страшното мачење, Јаков непрестајно Му благодарел на Бога, а од неговите рани, според преданието, излегувал благоухан мирис.

— реклама —

Маченички пострадал околу 400 година. Главата му се чува во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува и на 22 мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqu80f1vkbh0j2C3K6fJ

(Фото) Осветувани новите возила во МВР: едни поддржуваат, други негодуваат - но не е прв верски обред во институции...

Македонија | пред 1 седмица

media-librarygi2o542feiqv4JXh7ez

Мирот почнува дома: Што се прави, а што се избегнува на Бадник

Македонија | пред 1 седмица

mpc-1

МПЦ со божикно послание: Светлината Христова да ги преобрази нашите животи

Македонија | пред 1 седмица

media-library97i1pe6njod33ira958

Православните верници денес го празнуваат Свети апостол и евангелист Матеј

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања