Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Светот пред нова нафтена криза? Тензиите на Блискиот Исток го креваат алармот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
873x400-1-16

Светот повторно се соочува со ризик од енергетски шок, поттикнат од воените тензии на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата, што сè почесто се споредува со кризите од 1970-тите години.

Според Фатих Бирол од Меѓународната агенција за енергија, сегашната состојба претставува „најголема закана за енергетската безбедност во историјата“. Тој предупредува дека недостигот на нафта на глобално ниво достигнува околу 11 милиони барели дневно – повеќе отколку во двете големи нафтени кризи од 1973 и 1979 година заедно.

— реклама —

Клучен фактор во актуелната ситуација е Ормутскиот теснец, преку кој минува значаен дел од светската нафта. Неговото затворање доведе до пад на понудата од околу осум проценти, што веќе се одразува врз цените и глобалните пазари.

— реклама —

Сепак, економистите укажуваат на важни разлики во однос на минатото. За разлика од 70-тите, кога цените експлодираа неколкукратно и предизвикаа стагфлација, денешниот пазар е поразновиден и поотпорен. Производството не е толку концентрирано, а САД во меѓувреме значително ја зголемија сопствената продукција, намалувајќи ја зависноста од Блискиот Исток.

Дополнително, државите располагаат со значителни стратешки резерви – над 8 милијарди барели – кои веќе се користат за ублажување на шокот и стабилизирање на цените.

— реклама —

И покрај тоа, штетите врз енергетската инфраструктура во регионот се сериозни. Десетици нафтени и гасни постројки се оштетени, што значи дека дури и по евентуален крај на конфликтот, обновувањето на производството може да трае со месеци или години.

— реклама —

Клучното прашање останува времетраењето на кризата. Доколку блокадата на Хормушкиот теснец и воените дејства продолжат подолг период, ризикот од глобална нафтена криза значително ќе се зголеми.

Во меѓувреме, ефектите веќе се чувствуваат: раст на инфлацијата, поскапо гориво и притисок врз економскиот раст. Иако сценариото од 70-тите засега не се повторува во целост, неизвесноста останува висока, а пазарите внимателно го следат секој нов развој на настаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 4 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 6 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања