Промени тема
Контакт

СЗО чека одговор од Русија: Дали лаборантката починала од белодробна чума?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
Laboratorija

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума.

— реклама —

СЗО пред три дена соопшти дека во оваа фаза не е во состојба да изврши целосна проценка на ризиците поради недостиг на целосна слика за ситуацијата по смртта на вработена во биолошки институт во Сибир.

Еден ден подоцна, руските власти објавија дека не откриле „никаква инфективна болест“ по испитувањето на сите луѓе кои во последно време биле во контакт со починатата лаборантка во Иркутскиот институт за истражување на чума, и ги демантираа медиумските информации за случајот како лажни.

— реклама —

Според нив, жената починала од „пневмонија“, од која се разболела по контакт со луѓе, односно надвор од лабораторијата. Според нивните информации, таа „била вакцинирана и имала имунитет против опасните патогени со кои работела“.

— реклама —

СЗО вчера сепак констатираше дека сè уште нема „потврдена дијагноза“ и забележа дека околу случајот сè уште има „голема нејаснотија“.

Здравствената агенција на ОН, со седиште во Женева, додаде дека ќе продолжи „да ја следи ситуацијата и да ги проценува потенцијалните последици по јавното здравје со пристигнувањето на нови информации“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5dqh2ke1d7t0bNS06Hy

СЗО со нови препораки: До 45 проценти од случаите на деменција може да се спречат

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран ја погоди Европа: СЗО алармира за раст на смртноста и преполнети болници

Свет | пред 3 месеци

media-librarypvopdqv8847kdmqzOr0

Експерти на СЗО бараат прогласување на климатската криза за глобална здравствена вонредна состојба

Трендови | пред 4 месеци

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

СЗО: Хантавирусот не е нов ковид, ризикот е низок

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања