Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СЗО предупредува: Не смее да се потцени ризикот од ебола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ebola

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Африка, Мохамед Јакуб Џанаби, предупреди дека би било сериозна грешка да се потцени ризикот што го носи актуелната епидемија на ебола.

— реклама —

Џанаби истакна дека само еден случај би можел да доведе до ширење на вирусот надвор од границите на Демократска Република Конго и Уганда.

„Би било голема грешка да се потцени ситуацијата, особено кога станува збор за вирусот од сојот Бундибугио, за кој немаме вакцина“, изјави Џанаби во интервју за Ројтерс во седиштето на СЗО во Женева.

— реклама —

Тој повика на меѓународна соработка за ситуацијата да биде ставена под контрола.

— реклама —

Џанаби додаде дека епидемијата на ебола во Конго добила релативно мало глобално внимание во споредба со неодамнешната епидемија на хантавирус, која ги погоди патниците на крузер од 23 држави, меѓу кои и големи светски сили.

Според податоците на Министерството за здравство на Демократска Република Конго, досега се регистрирани 670 сомнителни случаи на зараза, од кои 61 се потврдени, додека се пријавени 160 смртни случаи.

— реклама —

Два потврдени случаи се регистрирани и во соседна Уганда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Над 11.000 заразени со ебола во Конго, речиси половина починале

Свет | пред 5 часа

— реклама —
ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 1 ден

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 1 седмица

ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања