Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Талогот на СДС ако сака да знае зошто има помалку ученици во прво одделение годинава треба да погледне шест години наназад кога токму тие беа власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на денешните обвинувања од СДСМ за намалениот број ученици во прво одделение, посочувајќи дека причините треба да се бараат во периодот кога СДСМ беше на власт.

— реклама —

Од партијата велат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, доколку сака одговор за намалениот број првачиња, треба да се наврати шест години наназад, кога тој беше министер во Владата предводена од Зоран Заев.

„Намалениот број ученици во прво одделение годинава е резултат на, благо кажано, лошите политики на Владата на СДС предводена од Зоран Заев, во која Филипче беше министер“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека демографските движења и иселувањето се главните причини за намалувањето на бројот на ученици. Според нив, демографијата учествува со околу 90 отсто во овој тренд, додека иселувањето дополнително влијае врз бројот на запишани првачиња.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека Владата презема мерки за подобрување на животниот стандард и условите за живот, но додава дека ваквите процеси не можат да се променат за само две години.

Како пример ја наведуваат мерката за намалување на цените на училишниот прибор, која, како што велат, се спроведува трета година по ред.

— реклама —

„За две години чуда не се прават. Во овој период Владата носи посебни мерки и активно работи на подобар животен стандард и поквалитетна животна средина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 13 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања