Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Таткото на Филип од ДНК: Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
media-libraryina1o7bu5vr020M0riO

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Маријан Стевановски, таткото на Филип Стевановски, шефот на бендот на „ДНК“ од Штип, кој загина пред точно една година, на 16 март 2025 година, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.

— реклама —

Денес се навршува една година од трагедијата што се случи во т.н. дискотека „Пулс“ Кочани, во која го загубивме нашиот сакан син Филип Стевановски. Кога го пишувам овој текст за објавување си спомнувам за 15.03.2025 година во 20 и 15 часот, се слушнавме за последен пат. Филип беше пред тргнување во Кочани.

Една година болка, тишина и празнина што ништо не може да ја надополни. Времето поминува, но тагата и љубовта кон Филип остануваат исти: длабоки и вечни. Една година без неговата насмевка, без неговиот глас, без неговата прегратка, без него... Времето минува, но болката во нашите души и празнината во нашите срца секојдневно се зголемува. Живееме со спомените на неговата добрина, на неговата искреност, на неговата екстовертност, на љубовта која несебично ја споделуваше околу себе; живееме со спомените за него...

Филип беше нашата радост, нашата гордост и светлина во животот. Големиот Сенека рекол: „не плачеме заради тоа што некој умрел, туку затоа што го изгубивме оној што го сакавме“. Ние Филип го сакавме премногу и затоа загубата е преголема.

Ниту еден момент од животот не поминува без да помислиме на него. Го чуваме во мислите, во спомените, во нашите срца и во љубовта насочена кон него; го чуваме во нас. Филип, ќе ни недостигаш засекогаш. Те сакаме бескрајно и ќе те носиме во нашите срца додека постоиме. Твојата мелодија, твоите дела ќе продолжат да одекнуваат низ вечноста. Ни недостигаш повеќе отколку што зборовите можат да искажат.

Почивај во мир, наше дете, ангел наш, те сакаме и ќе те сакаме засекогаш“, стои во објавата.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања