Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Таткото на сопругата на судијата Ѓоко Ристов сведочеше како дал кеш од 70.000 евра во банкноти од 500 и 200 евра за стан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarypf8ei2jsvhn23bw9MOw
Илустрација / Скопје1

Стан од околу 150 квадратни метри, купен за 140.000 евра, бил финансиран со по 70.000 евра од двете семејства, тврди Ивица Зориќ, татко на Симона, сопругата на Ѓоко Ристов. Зориќ, кој одговараше на прашања во текот на судското рочиште, изјави дека парите биле предадени во готовина, во банкноти од 500 и 200 евра.

На прашање на обвинителот колкава е површината на станот, Зориќ одговори дека не ја знае точната квадратура, но дека станот е поголем од 140 квадратни метри, односно приближно 150.

Според неговото сведочење, станот бил купен за 140.000 евра, а двете семејства се договориле да учествуваат со еднакви износи во купувањето.

— реклама —

„При една наша фамилијарна средба се договоривме заеднички да учествуваме во купувањето на станот, по 70.000 евра од двете страни“, изјави Зориќ, според белешките од распитот.

Тој објасни дека одлуката била донесена бидејќи со сопругата имаат единствена ќерка, на која, како што рече, ѝ помагале во текот на животот и планираат да продолжат да ѝ помагаат.

Зориќ наведе и дека постоел семеен договор станот дополнително да биде префрлен на неговиот внук Ивица, кој ги носи презимињата Ристов и Зориќ, со соодветна изјава заверена кај нотар.

— реклама —

На прашањето кому му ги предал парите, Зориќ одговори дека 70.000 евра им биле дадени на родителите од другото семејство, на една нивна средба.

„На една средба со сватот и сваќата им дадовме 70.000 евра“, изјави тој, додавајќи дека семејството било подготвено дополнително да учествува и во опремувањето на станот.

— реклама —

Зориќ тврдеше дека неговото семејство е материјално добро обезбедено и дека располага со наследен имот.

Особено внимание привлекува неговиот одговор на прашањето во какви банкноти биле предадени парите.

„Парите беа во евра, а банкнотите беа од по 500 и 200“, рече Зориќ.

— реклама —

Во текот на распитот обвинителството се осврна и на неговите објаснувања за семејните односи, забележувајќи дека било „симпатично“ да се слушнат семејните практики, по што постави дополнителни прашања поврзани со станот на улицата „Варшавска“ и недвижен имот во Охрид.

Во белешките од распитот се наведува и дека Зориќ изјавил оти лично не познава лице за кое бил прашан, туку го знае преку неговите јавни настапи на телевизија и портали.

Неговите тврдења за потеклото на парите, начинот на предавање и договорот меѓу семејствата се дел од сведочењето изнесено пред судот. Од достапните белешки не произлегува дали за предавањето на готовината бил приложен материјален доказ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ath95c3dmr4cqln5ZV

Хаџи Василева за правните мислења: Го симнуваат нивото на правна култура, тоа не се докази

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr8kf65kt8qdpeZmaZAc

На 90 страни вештак објаснува за парите на Ристов, судијата не може да одговара за прикривање имот, вели одбраната

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynerka31a1k3i7X3sFKh

Одбраната на Ѓоко Ристов достави правно мислење од Калајџиев според кое судијата не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“

Македонија | пред 1 седмица

media-library18sqeb59u9td9NInCxn

Вештаците за ДНК-трагите на парите и фолиите во кои биле завиткани сноповите не се појавија на рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања