Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Таткото на загинатиот Томче: Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-18.26.32

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Драги Стојанов, татко на загинатиот Томче Стојанов по комеморативната седница во Собранието рече дека е срамота после една година да закажат комеморација.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

По наше барење е комеморацијата, ако ние не го притиснавме немаше ни ова да се случи. Не е ли срамота и греота да загинат, во една држава 63 млади животи да згаснат, кои беа иднината на државата. Срамота после една година комеморација да изразат. Не знам, ова го нема ни во најназадните земји, ни во Авганистан, ни во Пакистан. 63 деца да загинат, а тие уште и не напаѓаат. Не гледаат како противници, не гледаат како да сме ѓавол за нив, не знам што е работата. Идат се контра против нас. Како ние да сме биле криви, како ние да сме ги пуштиле децата да загинат. Дури ни изјавуваат, зашто ги пративте децата во диското? Да не ги пративме ние да загинат. Срамота, како не им е срам, малку барем да имаа доблест, малку да имаа чест и поштовање према тие дечиња. Но како што гледам тие, како што викаат, кучињата си лаат, караванот се врви, ние само ќе се одиме, ќе си кукаме на нашите гробови на децата, а тие ќе се го водат бизнисот, ќе се пунат со пари. Не знам, не ми е јасно. Јас како татко на моето дете, 60 години работам, бувам, крампам, за што? Да му изградам една куќа и на крајот на кој ќе остане таа куќа. За четири години ќе се нафатираат со пари и ќе остварат профит и оставаат пари за поколенија. Срамота и греота за нашите деца. Ова не е судбина, туку убиство од небрежност на институциите. Ако институциите работат како што треба, нашите деца сега ќе беа тука, ќе шетаа. Но за жал, таква ни е државата, во таква држава сме се родиле“, вели Драги Стојанов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qqmrmabv7bmdavYb0j

Мајка на загинато момче од „Пулс“: „Не ни требаат нови ветувања по нови погреби, туку институции што ќе ги штитат животите“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 2 дена

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 3 дена

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања