Таткото првпат ми го покажаа во полициска станица на распит, каде бев принуден да кажам дека контактирал со Палевски, вели Манев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
gjorcevski-aleksandar

Им кажал дека треба да грабнат жена на возраст од 38-40 години, која е ќерка на фармацевт, но никогаш не им кажал дека грабнувањето на Вања Ѓорчевска е грешка. Ова го просведочи Велибор Манев во неговиот исказ во судот. Манев сведочи дека бил принуден во полициска станица да каже дека го познава обвинетиот татко на Вања, лицето Александар Ѓорчевски.

— реклама —

Обвинителство: Кога Палевски ја прашува чие дете е од која фамилија, дали тогаш дознавте кое е детето? Oдговорите од детето ги слушавте?

Обвинетиот Манев: Ви кажав, кога видов дека е дете, на Палевски му рековме дека е грешка дека треба да ја пуштиме од кога дознав дека е дете. Но, тој рече седите таму, се е чисто, немајте гајле.

— реклама —

Обвинителство: Значи ли тоа дека Палевски во ниту еден момент не рекол дека Вања е грешка?

Обвинетиот Манев: Да.

Обвинителство:  Споменавте дека една од жртвите требало да биде ќерка на фармецефт, значи ли тоа дека мислите да грабнувате ќерка на фармацефт?

Обвинетиот Манев: Точно, знаевме дека грабнуваме ќерка на фармацефт. На некој, името не му го знам, тоа го знае организаторот Љупчо Палевски, бидејќи тој познавал ВИП личности, се што знаев е дека тоа е ќерка на фармацефт од прв брак. Кој фармацефт не знам.

Обвинителство:  Ќе си согласите дека пари требаше да бидат побарани пари од мајката на детето за што постоел договор помеѓу Александар Ѓорчевски и Палевски?

Обвинетиот Манев: Никогаш не сум слушнал од Кешишев дека и од кого треба да се земат пари. Поготово од Кешишев. А претходно кажав дека таткото првпат ми го покажаа првпат на телефон во ПС на распит каде бев принуден дека Љупчо Палевски и Сашко имале контакт на телефон.

Обвинителство: На сила го дававте и исказот пред обвинителството?

Обвинетиот Манев: Мислам дека и таму кажав дека таткото не го познавам, и дека не знам дали контактирал со Палевски. На било која изјава и распит немам кажано дека тие две особи контактирале меѓу себе.

Обвинителство:  Можам ли да заклучам дека вие ни кажувате не сте имале намера ниту првиот пат да го убиете Жежовски, ниту оштетеното дете, туку вашата замисла била да грабнете човек, да го ставите во дупка која ја нарекувате земуница, да го чувате седум дена таму?

Обвинетиот Манев: Со мала разлика на ова што го кажавте, идејата беше да се земе пензионерот Панче, да се спушти во земницата, да биде 24 чса таму до грабнувањето и тука да се направи замената, и жената да се држи да се земат парите од фамилијата.

Обвинителство: Рековте сте носеле маски на лицата, маски на целото лице?

Обвинетиот Манев: Медицински маски преку глава со капче и да се гледаат само очите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Палевски се жали од судијата кој го осуди на доживотна робија

Македонија | пред 2 седмици

media-library8em3b8601fju3ZE1TSO

Љупчо Палевски-Палчо бара да го ослободат или предметот пак да се суди: Пресудата е расказ

Македонија | пред 1 месец

emiisija-nasilnici.02_31_41_07.Still002

Палевски опоменат дека ќе го отстранат од судница оти не го почитува редот, Обвинителството се противи на новите докази доставени од Ѓорчевски

Македонија | пред 8 месеци

vanja-palco

Палевски одговори на прашањето: Си правите ли алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена?

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања