Промени тема
Контакт

„Тендер коалицијата се префарба - стари министри, нови криминални тендери“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

Од опозициската Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение остро ја критикуваа најавената реконструкција на Владата, оценувајќи дека станува збор за обид за „префарбување“ на коалицијата со цел продолжување на истите политики.

Во партиското соопштение, СДСМ наведува дека првичните разговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за реконструкција на Владата се завршени, а дека сега следуваат финалните консултации.

Според СДСМ, целта на реконструкцијата не е подобрување на работата на Владата, туку, како што велат, „мачкање очи на граѓаните“ и продолжување на, како што ги нарекуваат, криминалните тендери и коруптивните практики.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека економската состојба во државата е сериозна и посочуваат дека буџетот е под силен притисок, дека странските инвестиции се намалени, а животниот стандард на граѓаните е влошен.

— реклама —

„Наместо да се соочат со овие проблеми, тие прават театар наречен реконструкција“, наведуваат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека граѓаните не очекуваат само кадровски промени, туку, како што велат, суштински реформи, борба против корупцијата и подобрување на животниот стандард.

— реклама —

СДСМ, исто така, порача дека вистинска реформа, според нив, е можна само со реформирано правосудство и целосна одговорност за криминалот и корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања