Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тешка несреќа кај Градско: Повредени девет лица, две со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhauailip3tq1dUUbmca
Илустрација

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште седуммина се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на експресниот пат Градско – Прилеп, во близина на Градско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Несреќата била пријавена на 30 јули околу 08:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Д.Ѓ. од Скопје.

— реклама —

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „хјундаи“ и неговата сопатничка О.Г. (45) од Скопје. Телесни повреди добиле и сопатничките во истото возило, С.Д. (50) и С.П.П. (42), двете од Скопје.

— реклама —

Повредени се и возачката на „ауди“, како и нејзините сопатници М.Д. (18), А.М. (18) и двајца 17-годишници, сите од Битола.

— реклама —

Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 9 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 10 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања