Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тешка сообраќајка на скопската обиколница: повеќе повредени кај клучка Приштина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library9t124ribuaq1aXEZKVO
Илустрација / Скопје1

Повеќе лица се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на скопската обиколница, кај клучка Приштина.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 26.04.2026 година околу 14:00 часот, помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од село Грчец.

— реклама —

Во судирот, со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „бмв“, Ф.М., како и сопатничката од возилото „мерцедес“, Е.Б.(23).

— реклама —

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од патничкото возило „бмв“, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ Е.Б.(23)“, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле и возачката на „бмв“, Е.А.(23), како и останатите сопатници Ф.Х.(21) од село Кондово, З.И.(22) од Скопје, како и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од село Раовиќ.

— реклама —

„Со телесни повреди 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х.(21) од с.Кондово, З.И.(22) од Скопје и Џ.Ф.(22) и Б.А.(18), двете од с.Раовиќ, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје“, информираат од МВР.

— реклама —

Повредените биле пренесени и згрижени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања