Промени тема
Контакт

(Видео) Тешка сообраќајка во Црниче: Се судрија возило на МВР и такси коe заврши во ограда - едно лице во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Настани
media-librarydspjmqo54r3i4hTeyZ6

Страшна сообраќајна незгода се случи утринава во скопската населба Црниче, каде се судрија две патнички возила, при што едното завршило забиено во ограда откако претходно поминало преку патека за пешаци. За среќа, во моментот на незгодата на преминот немало пешаци. Делови од возилата биле расфрлани по улицата.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 25 февруари 2026 година околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки.

— реклама —

Во незгодата, возачот на „шкода октавиа“ се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

— реклама —

Увидот на местото на настанот е во тек, а за случајот е известен јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0fj48ckr4tifbBHeYY7

(Видео) Уапсен 62-годишен маж кој силувал дете помало од 15-години на јавно место во Тетово

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarynijuna1357va7hWP7vj

Претрес во Куманово: Четири лица лишени од слобода, пронајдена бела грутчеста материја

Македонија | пред 3 часа

media-library3e1v0ms4evkiehR71y6

Отсеците за управни работи и оружје во Велес привремено се дислоцираат

Македонија | пред 3 часа

media-library9uakem203nc88ewqwYz

Жена сместена во здравствена установа откако ѝ се заканувала на ќерката

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања