Промени тема
Контакт

Тетовец го удирал татко му со тупаници по главата и телото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 32-годишен маж осомничен дека при вршење семејно насилство сторил кривични дела „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“.

— реклама —

Според Обвинителството, на 19 јули во семејниот дом во Тетово, осомничениот физички го нападнал својот татко, удирајќи го со тупаници по главата и телото.

— реклама —
— реклама —

Откако оштетениот успеал да избега и да се засолни во друга просторија, осомничениот продолжил да му се заканува дека ќе го убие.

— реклама —

Во врска со случајот, јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот. Предложени се забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 6 дена

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања