Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тимот на Пендаровски: ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,ВМРО – ДПМНЕ, освен што е фабрика за лажни вести, има и кратка меморија. И тоа е добро бидејќи докажуваат дека многу бргу забораваат и што им ветуваат на граѓаните.

И како што вели една поговорка, пред вистината и Боговите молчат, еве ги фактите:

— реклама —

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, во својство на актуелен претседател на државата појде во Тетово уште следниот ден по трагичниот настан на 8 септември 2021 година. Од таму, тој на 9 септември изрази солидарност со граѓаните на Тетово, но пред сè, со луѓето кои ги изгубија своите најблиски. Истовремено повика на брза истрага и утврдување на причините за пожарот во кој загинаа 14 граѓани. Изјавата на Пендаровски дадена во Тетово, до ден денеска може да се најде на јутјуб каналот.

— реклама —

Малиот генијалец Македон Димитровски од Стево Пендаровски, како актуелен претседател, доби признание „Млад Талент“ и парична награда. Иако во категоријата „Млад талент“, имаат право да конкурираат само ученици од средните училишта, на 25 ноември 2022 година беше награден и Македон Димитровски, тогаш ученик во трето одделение, за неговите натпросечно развиени академски вештини и меморија.

— реклама —

Оттука, ги советуваме Дафина Стојаноска и Христијан Мицкоски, следниот пат кога без аргументи ќе се обидат да ја лажат јавноста, да потрошат барем пет минути и на интернет да пребараат за што се заложил и кому помогнал Стево Пендаровски како актуелен претседател.”, реагираа од тимот на Стево Пендаровски а изјавата на Дафина Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 4 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања