„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Тоа 15-годишно момче досега не пораснало ни педа, ниту за 40 години подоцна не ја сфатил сопствената одговорност, вели Јошевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Познатата адвокатка Сузана Јошевска Анастасовска преку својот фејсбук профил се огласи за интервјуто на новинрот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазаров, кој буквално ја зовре целата држава и ги разгоре коментарите на социјалните мрежи.

— реклама —

Нејзиниот статус го пренесуваме во целост.

„Покушајот“ во Фиќо кој е повеќе оставен на нашата фантазија, но сепак раскажан со доволно детали за да ја сфатиме неговата противправност (шамари, замаглени стакла, спомнување повеќе мажи, еден татин син и буткање во ситуација „немајкаде“) сугерира дека покрај жртвата во фиќото, и тој што „покушавал“ е жртва на машката токсичност која на сите нас растени во скопските маала добро ни е позната, видена и слушната.

— реклама —

Како што такви случки оставаат недвосмислена траума за девојките, многу често оставаат долгорочни негативни последици и на младите момци кои се втурнати во ситуации да имаат секс со непозната жена откако друг имал секс со неа (да не дебатираме околу ова, замаглени стакла тоа значат) свесен дека е извесно дека добила шамари бидејќи тој така "имал однос".

Во дадениот момент тоа 15годишно момче ниту има емотивна зрелост ниту капацитет да сфати дека тоа што го прави е погрешно и дека учествува и директно придонесува во уништување на нечија личност. Но, нема капацитет ниту да сфати дека тоа што му го прават е погрешно.

Проблемот е што тоа 15годишно момче досега не пораснало ни педа, па низ годините единствено создало механизми кои му помогнале само да ја прифати таа состојба како дадена, надвор од негова контрола, да не речам, нормална. Ниту за 40 -тина години подоцна не ја сфатил сопствената одговорност, неговата психа не креирала емпатија (погрдно ја нарекува сиротиња) и едноставно прифатил дека "тоа така се правеше" сака да рече "така ние прв пат имавме секс", бидејќи прашањето е "Дали е точно дека првата не се заборава?".

Највпечатливата реченица во Анатомија на еден скандал е "Boys will be boys", кажана од мајката на обвинетиот за силување или на нашки "абе, машка работа", изрека креирана за да го збере целото оправдување на светот за не-дела кои потекнуваат од лошо произведената "машкост".

Тоа е поразувачкото, што возрасниот со чаламење уште раскажува за тинејџерско доживување кое, иако можеби разбирливо дека не било осудено поради општествениот контекст и време во кое се одвивало, во 2023, после сите обиди за едукација, развивање свесност и одговорност, се раскажува без трошка порака за забранетост.

Оној грев од водител пак, како колбас или виршла мешан производ од бљувотините на модерното време има искрена реакција на смеење на приказната поради пиететот што го има кон гостинот-фраер. Но, тука поразувачкото е во тоа што тој исто така не ја препознава својата одговорност и улога пост-фестум, па наместо да се консултира и да се извини, дава соопштенија од типот "јас не мразам жени, еве имам мајка, сестра, баба", (за неписменоста и следоредот во реченицата, подмет, прирок, придавки и сл., во друга прилика).

За да не биде се црно, нека овој настан биде повод за тематски разговори на училишта, пример кој ќе се користи за да се објаснат некои работи на правилен начин, нека биде повод за разговор меѓу татковци и синови, пред се.

Кога веќе главните протагонисти ја пропуштија златната шанса за општествено одговорни одговори на прозивањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryocgnb69dbaba66A9ood

Адвокатката Јошевска му врати на Коцевски: Обвинителството повеќе ќе се грижи за својот имиџ отколку за обвинението

Коментари | пред 2 месеци

70702417_10220351688050871_5528372257191100416_n

Кога јавноста нема одговор зошто не е искористено странското вештачење, не преостанува друго освен да мисли дека се работи на прикривање, вели Јошевска

Коментари | пред 2 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

Непримарно и недипломатско е писмото на австрискиот амбасадор, се меша во внатрешни работи, реагира адвокатката Јошевска-Анастасовска

Коментари | пред 2 години

299920777_10228618403993603_5595199146724079439_n

„Русковска најнормално кажа дека најмоќниот човек во бегство му поставил услов на обвинителот Јовески“, вели Јошевска

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања