Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Топлотен бран ја зафати Италија: Рим, Фиренца и Торино во црвена зона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Италија денеска воведе портокалово предупредување за екстремни горештини во 14 градови, додека за четири градови утре се очекува подигнување на алармот на највисоко, црвено ниво.

— реклама —

Под портокалово предупредување се наоѓаат Болоња, Болцано, Бреша, Фиренца, Фрозиноне, Милано, Перуџа, Риети, Рим, Торино, Трст, Венеција, Верона и Витербо.

— реклама —

Според најавите, дополнителен пораст на температурите поради топлотниот бран што ја зафати Европа ќе се почувствува во Фиренца, Рим, Торино и Болоња, каде што утре ќе биде активирано највисокото, црвено предупредување.

Системот за предупредување на италијанското Министерство за здравство има три нивоа, покрај зелената зона, која означува дека нема опасност.

— реклама —

Жолтото ниво претставува претходно предупредување, додека портокаловото значи дека температурите и временските услови можат да претставуваат ризик за здравјето, особено за повозрасните лица и хронично болните.

— реклама —

Црвеното ниво означува дека горештините претставуваат опасност за целото население, а не само за ранливите категории граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dzordza-meloni

Мелони предупредува на ширење хаос по заканите со бомби во 6.300 училишта

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryuujv7d2232g2fXj0kiG

Најмалку 300 училишта во Италија евакуирани по закани за бомби

Свет | пред 1 ден

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 3 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања