Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тошковски: 380 милиони евра откриена корупциска штета, криминалот на најниско ниво во 20 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две.

— реклама —

Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал за периодот 2023–2025 година, министерот посочи дека во 2023 година биле откриени 126 кривични дела, во 2024 година 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува пораст од околу 130 проценти. Овие бројки, како што истакна, целосно кореспондираат со перцепцијата на граѓаните дека МВР води сериозна и неселективна борба против корупцијата.

Во однос на бројот на сторители, во 2023 година биле евидентирани 185 лица, во 2024 година 363, додека во 2025 година биле откриени 678 сторители поврзани со коруптивни кривични дела. Станува збор за кривични дела сторени во претходни години, но откриени во 2025 година, за кои се поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерот нагласи дека највпечатливи се бројките поврзани со штетата нанесена на државниот буџет. Во 2023 година поднесените кривичните пријави се однесувале на вкупна штета од 5,7 милиони евра, во 2024 година на 24 милиони евра, додека во 2025 се поднесени кривични пријави дури за 380 милиони евра, што претставува зголемување од околу 66 пати во однос на 2023 година.

Тошковски истакна дека ваквите резултати се производ на институционален пристап и координирана работа не само на МВР, туку и на другите надлежни институции во откривањето на корупцијата и економскиот криминал, меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност и Финансиската полиција.

Говорејќи за севкупната безбедносна состојба, министерот посочи дека 2025 година претставува историски најдобра година во последните 20 години по бројот на сторени кривични дела, со вкупно 17.972 регистрирани кривични дела. Дополнително, расветленоста на кривичните дела изнесува 67,2 проценти, што исто така претставува највисок процент во последните две децении.

Министерот Тошковски упати јавна благодарност до полициските службеници за нивната професионалност и посветеност, нагласувајќи дека борбата против корупцијата и сите форми на криминал ќе продолжи со исто темпо, а фокусот на јавноста во наредниот период оправдано ќе биде насочен и кон постапувањето на обвинителството и судството, како клучни алки во системот на владеење на правото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh2m78745ueka3zsRAbb

Нова судска драма: Уапсен вработен во Основниот суд Гостивар под сомнение дека примил мито

Македонија | пред 25 минути

media-libraryfat0pm7kd8tpcRSKkfi

Строга контрола над никотинот: Нов предлог-закон за цигарите, загреаниот тутун и електронските цигари

Македонија | пред 2 часа

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР алармира: Лажни пораки од „Безбеден град“ мамат граѓани да плаќаат непостоечки казни

Македонија | пред 19 часа

294105618_440229524779543_7972557898192416474_n

Запалено возило на автошкола среде ноќ на Бит Пазар

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања