Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тошковски: „Човечкиот живот нема цена, со Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работиме на побезбеден сообраќај“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarysselc1okvleqbFZrxfe

Министерство за внатрешни работи и Фондација „Фросина Кулакова“ денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест и зајакнување на превентивните механизми.

— реклама —

Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претставници на фондацијата формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Со договорената соработка се предвидуваат заеднички кампањи за поголема сообраќајна култура, поддршка за жртвите и нивните семејства, како и активности за подобрување на институционалното постапување.

— реклама —

„Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка“, изјави Тошковски.

— реклама —

Тој нагласи дека Министерството продолжува со имплементација и надградба на системот Safe City, како и со нови превентивни политики насочени кон навремено препознавање на ризиците во сообраќајот.

Министерот се осврна и на неодамнешната трагична сообраќајна несреќа на скопската обиколница, посочувајќи дека таа уште еднаш ја потврдува потребата од поголема одговорност и почитување на сообраќајните правила.

— реклама —

Од МВР порачаа дека остануваат посветени на креирање ефикасни политики за заштита на сите учесници во сообраќајот и зачувување на човечкиот живот како највисока вредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 3 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 3 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања