Промени тема
Контакт

Тошковски: Ефикасна прекугранична полициско-царинска соработка за успешна борба со шверцот на мало и лесно оружје и криумчарењето мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
panche4-1

Денеска министерот Панче Тошковски се обрати на конференцијата „Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа“ во организација на ОБСЕ.

Министерот Тошковски во своето обраќање нагласи дека организираниот криминал и нелегалната трговија со мало и лесно оружје и кориумчарењето мигранти се значителни безбедносни предизвици како во Југоисточна Европа така и во поширокиот регион.

— реклама —

„Овој настан во организација на ОБСЕ и ЕУ4ФАСТ кој иницира посилна институционална соработка на меѓународно и национално ниво ќе придонесе кон функционалноста на безбедносните системи кои се носечки столб на сигурноста на граѓаните и демократските вредности на државите. Борбата против организираниот и транснационален криминал бара од сите нас максимално вложување на напори и ресурси посебно во делот на прекуграничната полициско-царинска соработка, како клучен фактор во ефикасно справување со оваа закана“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски ја акцентираше и поддршката што ја добиваме во делот на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и неодамнешното зачленувањето на МВР кон Европската мрежа за миграција на Европската Унија, со цел обезбедување на пристап до објективни, веродостојни и споредливи информации.

— реклама —

Министерот Тошковски на крај нагласи дека ваквите настани ќе придонесуваат до поголема национална и регионална безбедност, која ќе биде остварлива доколку се зголеми нивото на размената на добри практики, искуства и максимално вложување на целокупниот капацитет и потенцијал кои што го поседуваме како агенции одговорни за спроведување на законот.

— реклама —

Амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал истакна дека за жал Југоисточна Европа останува фокус точка за криумчарење мигранти и нелегална трговија со мало и лесно оружје.

„Нелегалното оружје од регионот се криумчари низ Европа засилувајќи го организираниот криминал па дури и тероризмот. За да одговориме на ваквите предизвици, започнавме соработка, меѓурегионална иницијатива на ОБСЕ која ги обединува полициските директори, царинските директори, службениците за спроведување на законот и експертите за теми од цела Југоисточна Европа “, нагласи амбасадорот Вал.

— реклама —

Амбасадорот Вал дека нашата земја успешно ги препознава проблемите и работи активно на нивното решавање а Мисија на ОБСЕ во Скопје со задоволство ќе ја продолжи својата поддршка во адресирање на сите овие закани.

Министерот Тошковски и амбасадорот Вал во рамките на конференцијата остварија и посебна средба на која во фокус беа сите тековни проекти со кои ОБСЕ соработува со министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcq8drm6i0nk1loTUsv

(Видео) Тошковски за случајот со Неделковски: „Секој што сторил прекршок треба да биде санкциониран“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: СДСМ, ДУИ и Левица координирано работат против мене

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Македонија | пред 6 месеци

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања