Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypq5k2a3i7sbm9NGF8i0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026 во Полициската академија во Идризово, при што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници.

— реклама —

Во своето обраќање, Тошковски истакна дека полициската професија е животен избор што бара храброст, чесност, професионалност и човечност.

„Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата, која граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и сигурноста“, порача министерот.

— реклама —

Тој нагласи дека Министерството продолжува со модернизација на полициските капацитети преку инвестиции во нови полициски станици, современа опрема, возен парк, дигитализација на услугите и нови безбедносни системи.

— реклама —

Тошковски оцени дека Македонија денес има најнизок криминалитет во последните 20 години, што, според него, е резултат на работата на полициските службеници, но и на реформите и професионализацијата во МВР.

Основната обука успешно ја завршиле 496 кандидати, од кои 364 за полиција од општа надлежност и сообраќај, 78 за гранична полиција и 54 за специјалните полициски единици. На свеченоста тие положија заклетва и официјално станаа дел од Министерството за внатрешни работи.

За најдобар полициски службеник од генерацијата 2025–2026 беше прогласен Јован Тасевски, кому му беше врачена плакета од министерот Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library20vbrc2rd37h0ATzenc

По кражбите во европските музеи, Тошковски најави зајакнување на безбедноста на културното наследство

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 1 месец

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања