Промени тема
Контакт

Тошковски на експертски состанок за организиран криминал и насилен екстремизам во Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pance-toskovski-0511-2

Министерот Панче Тошковски денеска учествуваше и се обрати на експертски состанок за подобрување на разбирањето на врските со насилниот екстремизам, тероризмот и организираниот криминал во Западен Балкан во организација на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) со поддршка со министерството за внатрешни работи на Холандија.

— реклама —

Министерот Тошковски потенцираше дека ваквите иницијативи се клучни во заедничката борба за подобра безбедносна перспектива, бидејќи проблемите со кои се соочуваме не познаваат граници и бараат заеднички, координирани и одлучни одговори.

— реклама —

„Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западниот Балкан. Тие имаат потенцијал да ги разјадат нашите институции, да ги ослабат заедниците и да создадат атмосфера на страв и несигурност. Затоа, од витална важност е да ги зајакнеме механизмите за отпорност во најпогодените заедници и да вложиме во долгорочни решенија што ќе ги спречат овие појави уште во нивната почетна фаза“, нагласи министерот Тошковски.

— реклама —

— реклама —

Тошковски на крај истакна дека ваквите иницијативи имаат потенцијал да создадат трајни партнерства и вмрежувања кои ќе ја зголемат ефикасноста на нашите заеднички напори и само преку такви синхронизирани и интегрирани мерки можеме да ја заштитиме стабилноста на нашите држави и да обезбедиме побезбедна и просперитетна иднина за сите наши граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcq8drm6i0nk1loTUsv

(Видео) Тошковски за случајот со Неделковски: „Секој што сторил прекршок треба да биде санкциониран“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarytcl128b3302sdDJ6CYs

Тошковски: СДСМ, ДУИ и Левица координирано работат против мене

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Македонија | пред 6 месеци

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања