Промени тема
Контакт

Тошковски: Не можам да кажам кога водата во Гостивар ќе биде безбедна за употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydlo5mvnini5f0BPr8KA

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во овој момент не може да каже кога водата во Гостивар повторно ќе биде безбедна за употреба, нагласувајќи дека нема да шпекулира со рокови додека не завршат сите анализи.

„Не можам да кажам кога ќе имаме вода за соодветна употреба. Ниту сум ги лажел, ниту ќе ги лажам граѓаните. Кога ќе имам точна информација, тогаш ќе ја соопштам на јавноста“, изјави Тошковски.

— реклама —

Тој посочи дека експертски екипи веќе работат на терен и земаат мостри од повеќе локации, а резултатите од анализите ќе покажат кои мерки ќе треба да се преземат за нормализирање на состојбата.

Според првичните проценки на експертите, најверојатно ќе биде спроведено хиперхлорирање на водоводниот систем со цел цевководот да се доведе во исправна состојба. По оваа постапка ќе следуваат дополнителни анализи за да се утврди дали водата најпрво е безбедна за техничка употреба, а потоа и за пиење.

— реклама —

Тошковски нагласи дека граѓаните нема да бидат повикани да ја користат водата ниту за технички потреби ниту за пиење сè додека експертите, врз основа на лабораториските анализи, не потврдат дека таа е целосно безбедна.

— реклама —

Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе бидат познати резултатите од испитувањата и планот за целосно нормализирање на водоснабдувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 1 седмица

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања