Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Тошковски: Новиот Оддел за форензика се уште не е ставен целосно во функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при министерството за внатрешни работи се уште не е целосно ставен во функција, а голем дел од вработените во овој оддел работат во старите објекти на министерството, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

— реклама —

„Зградата за форензика е донација колку што имам информација од ЕУ во делот на изградбата на истата, меѓутоа таа зграда не е ставена во функција целосно и се уште добар дел од лабораториите, оние чисти соби, технички капацитети, вентилатори итн коишто треба да ги има, а се суштествен дел од опремата којашто треба да ја имаат луѓето кои што работат во овој дел во рамки на министерството за внатрешни работи, ги нема, не се обезбедени. Луѓето се уште се во старите објекти. Во новиот дел се префрлени само дел од колегите, но добар дел од колегите се уште не се префрлени и ги нема соодветните услови кои што треба да ги има овој објект“, појасни Тошковски во интервју за Телевизија Алфа.

— реклама —

Новиот објект на Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи е изграден со донација од ЕУ, во вредност од 3,6 милиони евра.

— реклама —

За нефункционалниот систем на работа во министерството за внатрешни работи, Тошковски најавува работење по мерит систем, работа по закон, со искуство и со максимално воведување на предностите кои што ги носи 21 век.

— реклама —

„Со љубов кон Македонија и со љубов кон својот народ, со чесен пристап, со работа и со труд сé се решава“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoeoui6blqnsteRoAeQK

Тошковски до Апасиев: Ти благодарам што истресе сè од тебе

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryl4p330olrp9gbYgmsPL

Тошковски ја преживеа и третата интерпелација во Собранието

Македонија | пред 1 ден

media-libraryl4p330olrp9gbYgmsPL

Тошковски на третата интерпелација: „Не се напаѓа оној што не работи — толкава сила се крева само против оној што менува нешто"

Македонија | пред 1 ден

media-libraryg5q95gijm74v0f0Kfly

Тошковски најави построги казни за возачите на електрични тротинети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања