Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тошковски: Опозицијата манипулира – нема да има началници без стаж, туку јасни критериуми и тестови за унапредување во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја отфрли критиката на опозицијата во врска со предложените измени на Законот за полиција, нарекувајќи ги „лажни тврдења и политички инсинуации“.

„Станува збор за тенденциозно извртување на фактите со цел политичко профитирање и свесно ширење дезинформации“, изјави Тошковски.

Според него, новиот предлог-закон не само што не дозволува политички унапредувања, туку воведува построги, јасно дефинирани и објективни правила за кариера и селекција во МВР.

Министерот демантира дека со измените е возможно лице без работен стаж да биде назначено за началник.

„Член 63 јасно предвидува дека лице без стаж може да биде вработено само како 'помлад извршител'. Исто важи и за оние со стаж, но не во стручната област – само најниска позиција. Досега вакви ограничувања немаше.“

Според новиот систем, постојат само пет извршни позиции, а преминувањето кон повисока е строго ограничено – најмногу две скалила нагоре, што е поограничувачки од сегашниот закон.

— реклама —

Клучна новина е што секој што сака да напредува во раководна функција, ќе мора задолжително да положи тест за раководење, пропишан во член 104.

„Тестот е елиминаторен. Се унапредува само оној што има капацитет, а не врски“, нагласи Тошковски.

— реклама —

Дополнително, во систематизацијата е вграден принцип на градација, според кој секое повисоко место бара соодветно искуство. Без исполнети критериуми, нема унапредување.

Во однос на директорската позиција во Бирото за јавна безбедност, тој вели дека се предвидува строг услов: кандидатот мора да има најмалку 12 години искуство во полицијата.

Новина е и воведувањето функција заменик-директор, која според Тошковски е системско решение за континуитет, а не дуплирање на овластувања.

— реклама —

„Во услови на зголемени безбедносни предизвици, мора да обезбедиме институционална стабилност. Оваа функција е нормална пракса во големи системи.“

Министерот ја повика опозицијата да престане со, како што рече, селективни и манипулативни толкувања на законските одредби.

„Закон не се чита со вадење еден член, туку во целина. Бараме одговорност и зрелост – безбедноста на државата не смее да се жртвува за дневно-политички поени.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeefe22umq0hu7mKpRPt

(Видео) Во Скопје запленети околу 230.000 евра, двајца косовски државјани осомничени за фалсификување пари

Македонија | пред 9 часа

media-librarygf2n1ia79i9beF7A1WW

Приведен маж во Бојане, пукал со гасен пиштол на семејна веселба

Македонија | пред 16 часа

media-libraryknus2ehe90aldCK8kKA

Пукотници на семејна прослава во Сарај: Полицијата пронајде 23 чаури

Македонија | пред 16 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Пукање по расправија во Скопје: Приведени две лица

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања