Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска го искористи своето демократско право на глас, при што изјави дека демократијата се гради преку учество, доверба и почит кон волјата на граѓаните.

Министерот Тошковски потенцира дека денешниот ден е ден на демократијата – кога граѓаните слободно, мирно и достоинствено ја изразуваат својата волја.

„Нашата задача како институција е да обезбедиме таа волја да се реализира во безбедна и мирна атмосфера. Полицијата е на висина на задачата и професионално, непристрасно и одговорно го обезбедува изборниот ден, гарантирајќи дека целиот процес ќе тече мирно, безбедно и во духот на демократијата“, истакна министерот.

Во својата изјава, Тошковски ги повика сите граѓани активно да се вклучат во изборниот процес и да го искористат своето демократско право на глас, согласно своите убедувања и совест.

„Секој даден глас е израз на лична одговорност и придонес кон иднината на нашето општество. Само преку учество и мирно изразена волја ја градиме довербата во институциите и во демократијата,“ нагласи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања