Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагедија на хрватски автопат: 18-годишна девојка возела без дозвола, излетала од патот и се забила во дрво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg
фото: unsplash

Осумнаесетгодишна девојка загина во тешка сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на автопатот А1 кај Јастребарско, Хрватска. Таа управувала автомобил „БМВ“, иако немала положено возачки испит.

— реклама —

Несреќата се случила околу 9 часот на делницата меѓу клучките Јастребарско и Доња Зденчина, во насока кон Загреб.

— реклама —

Според полицискиот извештај, 18-годишната девојка се движела по левата сообраќајна лента и не одржувала доволно растојание од возилото пред неа.

Во обид да избегне удар во автомобилот, таа свртела налево и со предниот дел од своето возило удрила во задниот дел од „Опел Астра“ со унгарски регистарски таблички. Со автомобилот управувал 56-годишен државјанин на Унгарија.

— реклама —

По судирот, „БМВ“-то излетало од коловозот на зелената површина, каде удрило во ограда и две дрвја, а потоа запрело. Младата возачка починала на местото на несреќата.

— реклама —

Нејзиното тело било пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб. Поради увидот, јужната коловозна лента на автопатот А1 во насока кон Загреб била затворена за сообраќај од 13:58 до 14:14 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybavldv8amgjt0iePvPg

Го притискале на градниот кош и вратот, му ставиле перница на глава и го удирале со тупаници: Четворица медицински техничари осомничени за смртта на 32-годишен поранешен атлетичар во Загреб

Балкан | пред 21 час

— реклама —
Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања