Промени тема
Контакт

Трагедија по свадбена веселба: Камионет со свадбени гости се судри со два камиона, најмалку 13 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarylvook9aclh662lhKgzS
Photo by Eugene Chystiakov on Unsplash

Најмалку 13 лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа на индонезискиот остров Јава, кога камионет со свадбени гости останал приклештен меѓу два товарни камиона.

— реклама —

Несреќата се случила вчера попладне на крајбрежниот пат во близина на селото Кијаран Кулон, во регионот Индрамају. Според полицијата, патниците се враќале дома откако присуствувале на свадбена прослава во соседното село Пареан.

— реклама —

Како што изјави началникот на локалната сообраќајна полиција, камионетот, во чиј отворен товарен простор се превезувале патниците, запрел за да се сврти и да продолжи во спротивна насока. Во тој момент во него удрил товарен камион кој се движел зад него.

Од силниот удар камионетот бил оттурнат во спротивната коловозна лента, каде што во него удрил уште еден камион. При судирот, повеќе од десет патници биле исфрлени на коловозот.

— реклама —

Петтемина преживеани се хоспитализирани со повреди што се движат од полесни до тешки.

Сообраќајните несреќи со смртни последици се честа појава во Индонезија, каде што преоптоварените возила, недоволните безбедносни мерки и непочитувањето на сообраќајните правила често доведуваат до вакви трагедии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупциите на Анак Кракатау се појавија две нови островски формации

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 3 седмици

media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 1 месец

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања