Промени тема
Контакт

Трагедија во Хаг: Петмина загинати и уште повеќе исчезнати по експлозии во станбена зграда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-07-at-09.52.15

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени откако експлозии потресоа станбен блок во Хаг, Холандија, соопштија властите.

Пожарникарите веднаш реагираа и стигнаа до трикатната зграда откако експлозиите предизвикаа уривање на неколку станови во населбата Тарвекамп околу 06:15 часот по локално време во саботата наутро.

Градоначалникот на Хаг, Јан ван Заанен изјави дека се уште не се знае колку луѓе се водат за исчезнати.

Причината за експлозиите се уште не е утврдена, но холандската полиција соопшти дека автомобилот го напуштил местото „со голема брзина“ набргу по експлозиите. Полицијата апелираше до сведоците да излезат и да споделат информации, пишува Би-Би-Си.

Градоначалникот истакна дека шансите да се најдат преживеани во урнатините се многу мали, апелирајќи до заедницата да се подготви за „најлошото можно сценарио“.

Претходно имаше проценки дека во становите во моментот на експлозијата можело да има и до 20 луѓе, но Ван Занен одби да ја потврди таа информација.

— реклама —

Холандската противпожарна служба соопшти дека се потврдени пет смртни случаи.

Според извештаите на холандските медиуми, во експлозијата биле уништени пет станови.

— реклама —

Спасувачките тимови со кучиња трагачи ги пребаруваат урнатините, но делови од местото на несреќата се уште се премногу опасни за пристап. На местото на несреќата е поставено осветлување, а за отстранување на урнатините била донесена и голема градежна машина.

Четиринаесетгодишниот Адам Милер за новинската агенција АФП изјави дека експлозијата „изгледала како земјотрес“.

„Спиев и одеднаш имаше огромна експлозија“, рече тој.

— реклама —

„Погледнав низ прозорецот и не видов ништо освен пламен. Тоа беше огромен шок“, додаде тој.

Комесарот за национална полиција на Холандија, Џени Нол, рече дека меѓу жителите има „неверување и несигурност“.

Холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима издадоа соопштение во кое изразуваат сочувство: „Сочувствуваме со сите кои беа лично погодени од оваа несреќа или стравуваат за судбината на своите најблиски“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Западнонилската треска однесе прва жртва во Холандија

Свет | пред 2 седмици

prevrten-avtobus

Автобус со повеќе од 50 ученици се судри со комбе и се преврте во Холандија

Свет | пред 3 седмици

novcanik

Над половина милион домаќинства во Холандија се соочуваат со енергетска сиромаштија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања