Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трагичен епилог: Македонецот Стивен Ивановски е меѓу жртвите во пожарот во Кран-Монтана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library27eh3srovpn02DZol8t

Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.

— реклама —

Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.

Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.

— реклама —

Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.

— реклама —

Во објавите беше наведено дека во моментот на трагедијата Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постоела можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаа на фотографиите што кружат на интернет. Беа споделени и телефонски броеви за контакт, со надеж дека некој ќе се јави со информација што ќе донесе олеснување.

Во меѓувреме, швајцарските власти продолжуваат со идентификација на жртвите, процес кој оди бавно поради сериозноста на изгорениците. Болниците во кантонот Вале и натаму се под голем притисок, а локалните власти информираа дека медицински персонал се враќал на работа и за време на слободните денови, додека се разгледувала и можноста за ангажирање дополнителни специјалисти од странство.

Со потврдата за смртта на Стивен Ивановски, трагедијата во Кран-Монтана доби и тешка македонска димензија, оставајќи семејство, пријатели и пошироката јавност во длабока тага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања