Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трагичен пресврт на Јадранот: Пронајдено тело на еден од исчезнатите Португалци, потрагата продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
voda
Илустрација

Потрагата на хрватскиот Јадран доби трагичен пресврт – пронајдено е телото на еден од исчезнатите Португалци, додека по уште едно лице продолжува потрагата.

— реклама —

Според хрватските медиуми, телото било пронајдено во морето, а околностите сè уште се утврдуваат. Претходно, во средата, во морето и на брегот на островот Крк беа пронајдени двајца португалски државјани – млада жена и маж.

Мажот бил пронајден околу три километри јужно од Врбник, додека 33-годишната жена била пронајдена во морето, каде што, според информациите, поминала околу десет часа. Таа била пренесена во Клиничкиот болнички центар во Риека со стабилни витални параметри.

— реклама —

Спасувачките служби и натаму трагаат по преостанатиот исчезнат Португалец. Во потрагата учествуваат бродови на Капетанијата на пристаништата и полицијата, како и воен авион и хеликоптер на хрватското Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Потрагата е проширена и кон Велебитскиот Канал и поширокото подрачје околу Крк.

Координаторот на спасувачката операција од Националната служба за усогласување на трагање и спасување на море, Мирко Рашиќ, изјави дека спасувачите сè уште веруваат дека исчезнатото лице може да биде живо.

— реклама —

„Веруваме дека лицата можат да бидат живи во овој момент затоа што морето е топло. Станува збор за помлади лица и тие сигурно можат да преживеат. Веруваме дека се живи и продолжуваме да трагаме“, изјави Рашиќ за ХРТ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybavldv8amgjt0iePvPg

Го притискале на градниот кош и вратот, му ставиле перница на глава и го удирале со тупаници: Четворица медицински техничари осомничени за смртта на 32-годишен поранешен атлетичар во Загреб

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања