Промени тема
Контакт

Трајановски: Одговорноста за катастрофата во Гостивар е кај власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryo5mk6ntaakhm9ekuhTb

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Во 21 век да се случи вакво загадување на водоводот со колиформни бактерии е рамно на катастрофа. Обично вакви случаи има при поплави или други елементарни непогоди. Сите што имаат одговорност треба да одговараат“, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека случајот со Гостивар покажува сериозни пропусти на оваа валст како и во лошата институционалната комуникација.

„Кога зборуваме за Гостивар, мора да бидеме јасни и да кажеме дека одговорноста треба да биде од врвот надолу. Тука не ја амнестираме ниту локалната самоуправа, но најголемата одговорност треба да оди на сметка на владејачката партија, затоа што таа треба да ја стави оваа хаварија под контрола и да не дозволи да ескалира“, рече Трајановски.

Тој посочи дека СДСМ бара целосно објавување на документацијата, како и на целата патека на одлуки и реакции на институциите, бидејќи првите симптоми се појавиле уште на крајот на јули, а никој не се рагирало навреме.

„Замислете, неколку дена по ред во гостиварската болница имате 200 или 300 заболени со иста клиничка слика, а притоа да не преземате никаква активност и за тоа примарно да ја обвинувате локалната власт, иако директорот на болницата изјави дека Министерството за здравство било известено.

— реклама —

Ако Институтот за јавно здравје е надлежен за сите центри за јавно здравје, тогаш што правел Центарот за јавно здравје во Тетово, кој ја покрива и подружницата во Гостивар? Дали пет дена известувал некого, дали испраќал сигнали или само ја испитувал водата?

Тоа се пет изгубени, драгоцени денови. Од една страна имаме директор на болница кој вели дека Министерството било известено, а од друга страна гледаме дека информацијата не стигнала каде што требало или некој не реагирал навреме. Очигледно, за тоа некој мора да преземе одговорност“, додаде Трајановски.

— реклама —

Потпретседателот на СДСМ нагласи дека граѓаните во Гостивар заслужуваат целосни одговори и транспарентност од институциите.

 „Граѓаните во Гостивар заслужуваат одговори. Во ваква ситуација некој треба секојдневно да се излегува пред јавноста, да одржува прес-конференции, да го смирит населението и да се дадат јасни информации како се развива ситуацијата,“, рече Трајановски.

— реклама —

Трајановски посочи на начинот на комуникација со јавноста за време на ковид-кризата, кога претседателот на СДСМ, Венко Филипче, беше министер за здравство и сега кога ВМРО е на валст.

„Претседателот Венко Филипче, ако се сеќавате, за време на ковид-кризата секојдневно излегуваше пред јавноста на прес-конференции и ги соопштуваше насоките за справување со една светска здравствена криза. Денешната власт не може да се справи со криза во Гостивар“, изјави Трајановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 22 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања