Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака за нефункционалност на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
MitkoTrajculeski

Државата и институциите на системот целосно затаиле или е договорено бегството на Артан Груби. Трета од овие две претпоставки, нема. Но, и во двата случаи, тоа е страшно за самата држава и за нејзиното функционирање, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебатната емисија „Топ тема“ на ТВ Телма.

- За бегството на Артан Груби, имаме ситуација која упатува на два можни заклучоци, односно претпоставки. Првата е дека државата, односно институциите на системот целосно затаиле, бидејќи од она што го дознавме директно од министерот за внатрешни работи, имало пункт поставен кај кружниот тек пред Блаце, имало стоп листа на самиот граничен премин, Блаце, меѓутоа човекот избега. Тоа е една претпоставка. Втората претпоставка е дека имаме договорено бегство, односно врз основа на некаков си договор Артан Груби е пуштен да ја напушти државата. Трето не може да биде. И во двата случаја, тоа е страшно за функционирањето на државата“, рече Трајчулески.

— реклама —

Тој се осврна и на партизација во правосудството, велејќи дека политичарите треба искрено и чесно да инвестираат во уставната поделба на власта, на извршна, законодавна и судска, ако сакаме да придонесеме во враќање на довербата во правосудството. Но, актуелната валст сега планира да прави реформи во судството по принципот ’да ги избркаме нивните, а да ги донесеме нашите‘.

— реклама —

- Имаме случај каде сопруга на актуелен градоначалник од ДПМНЕ беше ставена за член на судскиот совет. Потоа случај каде што висок партиски активист, на ВЛЕН беше ставен во советот за јавни обвинители и имаме ситуација каде што има најава за разрешување на членови на судскиот совет. Ако е тоа начинот и реформата која власта планира да ја направи, тогаш ниту има реформа ниту пак ќе ја вратиме довербата во судството, рече Трајчулески.

— реклама —

Единствен начин да ја вратиме довербата, потенцираше пратеникот на СДСМ, е да успееме да ги задржиме најчесните и најквалификувани луѓе, со највисок личен и професионален интегритет, кој ќе останат да работат во рамките на правосудството, потоа да се ангажираат најдобрите од приватна правна пракса со тоа што ќе ги натераме да служат на државата на начин на кој ќе изградиме систем за градење на кадри во правосудството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4jn6vnlnil3af9na4JU

СДСМ: „3 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски за реформската агенда“

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-librarythppdii899tk9On5Afy

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион

Македонија | пред 2 часа

media-libraryhparun6lss652unJ5gS

„Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања