Промени тема
Контакт

Трамп бара агресивни истраги против политичките противници: „Мора да дејствуваат, мора брзо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја повика највисоката правосудна функционерка во земјата, државната обвинителка Пам Бонди, да отвори поагресивни истраги против неговите политички противници.

„Не можеме повеќе да одложуваме, тоа ни го уништува угледот и кредибилитетот“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи директно упатена до Бонди, пренесе BBC.

— реклама —

Трамп изрази незадоволство дека „ништо не се презема“ и побара истраги против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, државната обвинителка на Њујорк, Летитија Џејмс, и демократскиот сенатор Адам Шиф, кој го водеше неговиот прв импичмент-процес.

„Прегледав над 30 изјави и објави кои во суштина велат: ‘истата приказна како и минатиот пат, само приказни, без акција. Што е со Коми, со Адам „Лукавиот“ Шиф, со Летитија??? Сите се виновни, а ништо не се презема’“, порача Трамп.

— реклама —

Тој додаде дека Бонди би можела „да остане запаметена како една од најдобрите државни обвинителки на сите времиња“.

Изјавите на Трамп предизвикаа остри реакции кај демократите. Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, предупреди дека „ова е пат кон диктатура“.

— реклама —

„Министерството за правда отсекогаш било силна државна институција, без разлика кој бил на власт. Сега Трамп го претвора во инструмент за прогон на неговите непријатели – виновни или не“, изјави Шумер за CNN.

Повикот на Трамп доаѓа само ден по оставката на федералниот тужител Ерик Сиберт, кој претходно одбил да покрене постапка против обвинителката Летитија Џејмс за наводна хипотекарна измама. „Сиберт доби отказ, а случајот е ГОЛЕМ“, тврди Трамп.

— реклама —

„Њујорк тајмс“ објави дека истрагите не нашле доволно докази против Џејмс, која пак обвинувањата ги оцени како „неосновани и мотивирани од одмазда“.

Од 1970-тите наваму, Министерството за правда настојувало да биде независно од Белата куќа. Но, Трамп ја скрши оваа традиција уште во првиот мандат, кога го отпушти тогашниот главен обвинител Џеф Сешнс и подоцна се судри и со наследникот Вилијам Бар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 12 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања