Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп даде рок: Хамас има три, четири дена да одговори на планот за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Хамас има рок од „три или четири дена“ да одговори на неговиот план за Пojaсот Газа, кој повикува на разоружување на палестинското исламистичко движење, предупредувајќи дека Хамас ризикува „пекол“ ако не го прифати.

По речиси две години војна, Белата куќа во понеделник објави предлог од 20 точки со цел конечен крај на конфликтот што избувна по крвавата офанзива на Хамас против Израел на 7 октомври 2023 година, по што во израелската инвазија на палестинските територии загинаа десетици илјади луѓе, а Пojaсот Газа беше претворен во урнатини.

— реклама —

Ќе му дадеме на Хамас околу три или четири дена. Ќе видиме. Сите арапски земји се согласуваат, сите муслимански земји се согласуваат, Израел се согласува. Само чекаме Хамас. А Хамас или ќе го прифати, или нема. Ако не го прифати, тоа ќе заврши многу тажно, рече Трамп во краток разговор со новинарите во Белата куќа.

— реклама —

Американскиот план, кој го поддржуваат многу земји, бара прекин на огнот, ослободување на заложниците што ги држи Хамас во рок од 72 часа, разоружување на исламистичкото движење кое владее со Газа од 2007 година, постепено повлекување на израелската армија, распоредување на меѓународни сили и воспоставување привремена власт.

Истиот ден, на состанок со американските генерали во близина на Вашингтон, Трамп повторно го предупреди Хамас за „пекол“.

— реклама —

Ни недостасува еден потпис, а тие ќе платат со пекол ако не го потпишат. Се надевам дека ќе потпишат за своето добро и ќе направат нешто навистина големо, рече Трамп.

— реклама —

Претседателот на САД, кој редовно се фали дека решил различни конфликти низ светот (еднаш истакнал дека помогнал за крај на долгогодишната војна меѓу Албанија и Азербејџан), изјави дека би било навреда за САД ако не добие Нобелова награда за мир.

Ќе ја дадат наградата на човек кој ништо не направил. Тоа би било голема навреда за нашата земја, додаде Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп најави проширување на воената соработка со Филипините и објави нов трговски договор

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) Нов лапсус на Трамп: Ги помеша војните во Украина и Иран пред светските лидери

Свет | пред 18 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп за наводната афера на поранешниот директор на „Нвидиа“: Националната безбедност не е загрозена

Свет | пред 21 час

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави итна жалба: „Голф-теренот мора веднаш да се обнови“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања