Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Деновите на Мадуро се одброени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
maduro-696x418-1

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека деновите на венецуеланскиот лидер Николас Мадуро се одброени, алудирајќи на можни политички промени во Каракас.

Изјавата на Трамп, дадена во интервју за CBS, доаѓа во момент кога САД распоредуваат воени единици во Карибите и изведоа повеќе напади врз бродови осомничени за транспорт на дрога.

— реклама —

На прашање дали САД ќе влезат во војна со Венецуела, Трамп одговори:

„Се сомневам. Не мислам дека ќе се случи тоа.“

Но, на прашањето дали Мадуро е при крајот на своето владеење, Трамп беше поодреден:

— реклама —

„Би рекол дека е така. Да, мислам дека неговите денови се одброени.“

Мадуро претходно го обвини Вашингтон дека ја користи борбата против трговијата со дрога како изговор за „наметнување промена на режимот“ и контрола врз венецуеланската нафта.

— реклама —

Според извештаи, во 15 американски напади врз бродови на Карибите и Пацификот загинале најмалку 65 лица.

Говорејќи од својата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп изјави:

„Секој брод кој го гледате полн со дрога убива по 25.000 луѓе и уништува семејства низ целата земја.“

— реклама —

На директно прашање дали САД планираат копнени операции во Венецуела, Трамп не ја исклучи можноста:

„Не можам да ви кажам што ќе направам со Венецуела — дали ќе го направам тоа или не.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) Нов лапсус на Трамп: Ги помеша војните во Украина и Иран пред светските лидери

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп за наводната афера на поранешниот директор на „Нвидиа“: Националната безбедност не е загрозена

Свет | пред 13 часа

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави итна жалба: „Голф-теренот мора веднаш да се обнови“

Свет | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

(Фото) Трамп сподели лажна приказна создадена со вештачка интелигенција за неговата помош на повредено момче

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања