Промени тема
Контакт

Трамп го испраќа „царот на границите“ Хоман во Минесота

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library1knrevr88gf88w67czT

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го испраќа својот повереник за прашања поврзани со границите, Том Хоман, во сојузната држава Минесота, по протестите што избувнаа откако имиграциски агенти за време на викендот убија американски државјанин.

— реклама —

„Том е цврст, но праведен и ќе ми поднесува извештаи директно мене“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одделно на платформата Икс соопшти дека Хоман ќе раководи со операциите на службата за имиграција во таа сојузна држава.

— реклама —

Трамп во изјава за „Волстрит џурнал“ наведе дека неговата администрација ја преиспитува последната употреба на огнено оружје и најави дека во одреден момент би можело да дојде до повлекување на имиграциските службеници од подрачјето на Минеаполис. „Во еден момент ќе си заминеме. Ја завршивме работата, тие завршија феноменална работа“, изјави Трамп, без да прецизира временска рамка.

— реклама —

Американските имиграциски агенти завчера го убија 37-годишниот Алекс Прети. Министерството за внатрешна безбедност го оквалификуваше инцидентот како напад, но снимки направени од минувачи, кои ги прегледала агенцијата Ројтерс, покажуваат дека Прети во раката држел телефон, а не пиштол, додека се обидувал да им помогне на други демонстранти кои биле соборени на земја.

— реклама —

Ова е втор ваков инцидент во Минесота овој месец. На 7 јануари федерален имиграциски агент уби американска државјанка, Рене Гуд, откако ѝ пријде додека била во своето паркирано возило. Од администрацијата на Трамп тврдеа дека таа се обидела со возилото да удри агент, но други сведоци наведуваат дека видеоснимките сугерираат оти таа се обидувала да сврти и да се оддалечи од него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 4 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 17 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 20 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања