Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Го предупредив Нетанјаху да не влезе во целосна војна со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да прерасне во целосна војна.

Во интервју за израелски медиум, Трамп рекол дека му порачал на Нетанјаху да биде внимателен, бидејќи Израел би можел да остане сам во евентуална поширока конфронтација со Иран.

— реклама —

Според неговите тврдења, тој побарал од израелскиот премиер да не изведува нови напади врз Иран како одговор на претходните ракетни напади. Разговорот, како што навел, завршил без конечен договор.

— реклама —

Трамп истакна дека подоцна бил информиран оти Израел сепак одлучил да изврши напад, но додаде дека успеал да го намали неговиот обем.

Американскиот претседател откри и дека неколку држави од регионот кои посредуваат меѓу Вашингтон и Техеран побарале од него да изврши притисок врз Израел за да се избегне натамошна ескалација и да продолжат дипломатските напори.

— реклама —

Тој тврди дека Иран преку посредници испратил порака дека нема намера повторно да го напаѓа Израел и побарал прекин на израелските напади.

Од друга страна, Нетанјаху порача дека Израел има целосно право на самоодбрана и дека ќе продолжи да ги носи безбедносните одлуки според сопствените интереси.

„Израел има право да се брани и ќе го користи тоа право секогаш кога ќе биде потребно“, изјави израелскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

barak-obama

(Видео) Обама го исмеа Трамп: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил ресторан

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп попушти: САД укинуваат дел од царините за канадската стока

Свет | пред 6 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

Трамп: Нема да ја претворам прес-салата во базен, никогаш не би ми паднала на памет таква глупост

Свет | пред 10 часа

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања