Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп и Израел наводно сакале Ахмадинеџад да ја преземе власта во Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно бил дел од план на САД и Израел за промена на власта во Иран, објавуваат „Њујорк тајмс“ и „Атлантик“, повикувајќи се на американски извори.

— реклама —

Според наводите, една од првичните цели на војната била Ахмадинеџад да биде ослободен од домашен притвор и поставен како нов лидер на Иран.

Во првите денови од конфликтот, неговиот дом во Техеран бил погоден во израелски напад, кој наводно имал цел да ги елиминира чуварите и да му овозможи бегство. Ахмадинеџад преживеал, но по нападот наводно се повлекол од целиот план.

— реклама —

Американски претставници тврдат дека Израел и САД сметале оти тој би можел да предводи нова власт во Иран, иако токму Ахмадинеџад за време на својот мандат бил познат по остри антиамерикански и антиизраелски ставови.

— реклама —

Во текстот се наведува дека планот за промена на режимот бил дел од поширока стратегија која предвидувала воздушни напади, ликвидации на ирански лидери и создавање политичка нестабилност што би довела до колапс на власта.

Иако американскиот претседател Доналд Трамп јавно тврдеше дека целта на операцијата била уништување на иранските нуклеарни и воени капацитети, извештаите посочуваат дека зад сцената постоел и план за поставување ново раководство во Техеран.

Според американските медиуми, по првичните напади станало јасно дека иранската власт не се распаднала како што очекувале западните сојузници, а целиот план постепено пропаднал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 8 минути

— реклама —
media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Дали Трамп е способен да ја извршува претседателската функција? Експертите со поделени ставови

Свет | пред 12 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп го нарече Обама „ужасно неспособен претседател“, расправијата прерасна во лични напади

Свет | пред 17 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: По војната ќе правиме бизнис и со Русија и со Украина

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања