Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп и Путин подготвуваат директна средба – можно и присуство на Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tramp-putin

Вашингтон и Москва постигнаа прелиминарен договор за средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во следните денови, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на изјава од советникот на Кремљ за надворешна политика, Јури Ушаков.

— реклама —

„На предлог на американската страна, постигнат е прелиминарен договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво. Работиме со нашите американски колеги за да ги утврдиме деталите и местото на средбата“, изјави Ушаков.

Потврда дојде и од Белата куќа, каде портпаролката Керолајн Ливит информираше дека Трамп е отворен за средба не само со Путин, туку и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се разгледува можноста веднаш по билатералниот состанок со Путин да се одржи и трилатерална средба со учество на Зеленски.

— реклама —

Информациите следуваат по вчерашната посета на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва. По неговото враќање, Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за директен контакт меѓу Путин и Зеленски, но не прецизираше временска рамка.

— реклама —

Средбата би можела да се одржи непосредно пред истекот на ултиматумот што Трамп јавно му го постави на Кремљ – Русија да стави крај на војната во Украина до 8 август. Во спротивно, Трамп се закани со нов бран санкции, вклучително и кон државите што продолжуваат да купуваат руска нафта, како што се Кина и Индија.

Ова би била прва директна средба меѓу претседателите на САД и Русија по онаа во Женева во 2021 година, кога тогашниот американски лидер Џо Бајден разговараше со Владимир Путин на неутрален терен.

— реклама —

Средбата Трамп–Путин се очекува да предизвика големо внимание во меѓународната јавност, особено во услови на влошени односи меѓу Русија и Западот и неизвесна перспектива за крај на војната во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Првиот пациент ја заврши терапијата со руската вакцина против рак, до крајот на 2027 година ќе ја примат уште 120 пациенти

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Русија остана без доволно бензин по украинските напади: Масовно увезува гориво и со понизок квалитет

Свет | пред 15 часа

media-libraryf8pmo453iqos3UNqDnf

Руски напад врз пазар во Украина: Повредени 11 лица, меѓу нив и 11-годишно дете

Свет | пред 16 часа

media-libraryachv131mr8uq3KqAzYD

Украина со масовни напади врз Русија, Москва тврди дека соборила 1.441 дрон

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања