Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Драстични мерки по убиството на гардистка: стопирани азили, визи и ревизија на зелени карти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarynosoektmk4iu9Dx5wSQ

Американската Служба за државјанство и имиграција (USCIS) соопшти дека ги стопира сите одлуки за азил, само два дена по вооружениот напад во близина на Белата куќа во кој загина 20-годишната припадничка на Националната гарда Сара Бекстрам. Директорот на USCIS, Џозеф Едлоу, објави дека суспензијата останува на сила додека не биде осигуран „највисок можен степен на безбедносни проверки“ за секој странски државјанин кој аплицира за престој во САД.

— реклама —

Американскиот Стејт департмент дополнително ги замрзна сите визи за лица кои патуваат со авганистански пасоши, соопшти државниот секретар Марко Рубио. Паралелно, претседателот Доналд Трамп најави целосна забрана за прием во САД на лица од, како што рече, „земји од третиот свет“, без образложение кои држави ги опфаќа мерката и кога би стапила во сила.

— реклама —
— реклама —

Администрацијата соопшти и дека ќе ги ревидира сите зелени карти издадени на државјани од „земји што предизвикуваат безбедносни грижи“, меѓу кои Авганистан, Иран, Либија, Сомалија, Јемен, Куба, Венецуела и уште дванаесет други држави. Мерката предизвика остри реакции кај организациите за човекови права, кои предупредуваат дека трагедијата се користи за политички цели и за заострување на имиграциската политика.

— реклама —

Нападот се случи во среда, кога вооружен напаѓач – авганистански државјанин кој влегол во САД во 2021 година – отвори оган само неколку блокови од Белата куќа. Бекстрам подоцна им подлегна на повредите, додека вториот гардист останува во критична состојба. Осомничениот е притворен, а мотивите за нападот засега не се познати. Претседателот Трамп ја искористи трагедијата за да ја критикува досегашната политика кон бегалците, обвинувајќи ја администрацијата на Бајден дека дозволила „опасни луѓе“ да влезат во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library8oevanl13omg48SzcoG

Три американски носачи на авиони ќе бидат распоредени на Блискиот Исток

Свет | пред 2 дена

media-libraryfa2qql95l9vt2IpFRBd

Вашингтон ги менува плановите: Помалку американски војници ќе ја напуштат Европа

Свет | пред 2 дена

media-librarygv0ohdt3a3m0bLBmQPl

Сајбернапад или технички дефекти? Прекините на „Мајкрософт“ и приземјувањето на авионите ја вознемирија јавноста

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања