Промени тема
Контакт

Трамп ја навреди новинарката на „Њујорк тајмс“: „Грдa е – одвнатре и однадвор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryhir32r2c6li82ve6eAR

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во фокусот на критики поради навредлив коментар упатен кон новинарката на „Њујорк тајмс“, Кејти Роџерс. Трамп ја нарече „грдa – одвнатре и однадвор“ откако весникот објави детална анализа за неговите знаци на стареење и неговото значително поредок појавување во јавност, пренесува CNN.

— реклама —

Инцидентот доаѓа помалку од две недели по неговата претходна навреда кон друга новинарка, кога ѝ рече „тивко, свињо“, по што повторно се отвори прашањето за неговите честo сексистички и груби истапи кон жени во медиумите.

„Њујорк тајмс“ во својата анализа го спореди јавниот ангажман на 79-годишниот Трамп годинава со неговиот прв мандат. Весникот утврди дека американската јавност го гледа „значително поретко“, дека има помалку јавни настани во распоредот и дека патува многу помалку низ земјата отколку во 2017 година. Сепак, се истакнува дека Трамп и натаму е „скоро секаде присутен“ во американската политичка сцена.

— реклама —

Како реакција на текстот, Трамп на својата платформа Truth Social напиша:
„Гмазовите од пропаднатиот ‘Њујорк тајмс’ пак се на дело.“

— реклама —

Тој воопшто не го спомена машкиот коавтор на статијата, Дилан Фридман, туку директно ја нападна Роџерс.

„Таа е треторазредна новинарка која е грда – одвнатре и однадвор“, напиша претседателот, додека истовремено се пофали дека „работи најмногу досега“ и тврди дека има „најдобри анкети во историјата“, иако неговиот рејтинг е значително понизок од врвот на вториот мандат.

— реклама —

Трамп додава и дека „еден ден ќе остане без енергија“, но дека „со совршен здравствен преглед и сеопфатен когнитивен тест кој ‘совршено го решил’, тој ден дефинитивно не е денес“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања