Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп ја повлече идејата за наплата на преминот низ Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување 20-процентна такса за бродовите што пловат низ Ормускиот теснец и наместо тоа најави склучување трговски и инвестициски договори со земјите од Персискиот Залив.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп соопшти дека САД повторно ќе воведат блокада на иранските пристаништа, но нема да ја спроведат претходно најавената такса за поморскиот сообраќај.

— реклама —

Само еден ден претходно, Трамп тврдеше дека Соединетите Американски Држави треба да бидат финансиски обештетени за обезбедувањето на слободната пловидба и безбедноста на меѓународната трговија во Персискиот Залив, особено доколку Иран воведе сопствени давачки за минување низ Ормускиот теснец.

— реклама —

Во најновата објава, Трамп истакна дека Ормускиот теснец останува отворен за сите бродови, освен за оние што пловат кон иранските пристаништа или превезуваат ирански товар. Тој најави целосна блокада само за пловилата поврзани со Иран.

Ормускиот теснец останува едно од клучните прашања во разговорите за траен прекин на огнот на Блискиот Исток. Пред почетокот на конфликтот, низ овој стратешки поморски премин минуваше околу една петтина од светскиот извоз на нафта и природен гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Свет | пред 7 часа

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Трамп тврди дека Маск ги укинал ограничувањата, украинските дронови и натаму губат врска

Свет | пред 10 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

(Видео) Трамп почнал да испушта чудни звуци среде говор: „еех“, „пиу, пиу“ и „бум“

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања