Промени тема
Контакт

Трамп ја тужи најголемата американска банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryr7roa88vb2n92eO0WQU

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна пет милијарди долари против инвестициската банка JPMorgan Chase и нејзиниот главен извршен директор Џејми Дајмон, обвинувајќи ги дека од политички причини му ускратиле банкарски услуги со затворање на повеќе негови сметки.

Тужбата е поднесена до државниот суд во округот Мајами-Дејд, во американската сојузна држава Флорида. Во неа, Трамп тврди дека најголемата американска банка ги прекршила сопствените интерни правила и свесно го издвојувала поради неговите политички ставови.

— реклама —

Од JPMorgan ги отфрлија обвинувањата, нагласувајќи дека банката не затвора сметки врз основа на политички или верски причини. „Жалиме што претседателот Трамп одлучи да поднесе тужба, но сметаме дека таа е неоснована. Го почитуваме неговото право да тужи, како и нашето право да се браниме“, соопштија од банката.

— реклама —

Трамп подоцна изјави пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Ван“ дека не разговарал со Дајмон за тужбата. „Не смее да се прави тоа што го направија тие. Тоа е целосно погрешно. Не знам какво оправдување би можеле да имаат. Можеби ќе кажат дека регулаторите го барале тоа“, рече Трамп.

Претседателот и претходно изнесуваше слични обвинувања кон други финансиски институции, меѓу кои и Bank of America. Дополнително, во последниот период го вознемири банкарскиот сектор со најавата дека сака да ги ограничи каматните стапки на кредитните картички на најмногу 10 проценти.

— реклама —

Дајмон, кој веќе две децении ја води JPMorgan и важи за еден од највлијателните луѓе во глобалниот финансиски сектор, во средата на Светски економски форум изјави дека ваквото ограничување би ја намалило достапноста на кредити за голем број потрошувачи и би претставувало „економска катастрофа“.

— реклама —

Американските банки во последните години се соочуваат со зголемени политички притисоци, особено од конзервативни кругови, кои тврдат дека финансиските институции од политички причини дискриминираат одредени индустрии, како производството на оружје и фосилните горива. Овие притисоци дополнително се засилија за време на вториот мандат на Трамп, при што тој повеќепати ги обвини банките дека му ускратуваат услуги нему и на други конзервативци, што банките го негираат.

Главниот американски банкарски регулатор, Office of the Comptroller of the Currency, во декември соопшти дека девет од најголемите американски банки меѓу 2020 и 2023 година ограничиле финансиски услуги за одредени индустрии, меѓу кои нафтената и гасната индустрија, криптосекторот, тутунската индустрија и производителите на огнено оружје. Регулаторот наведе дека дел од овие практики биле поврзани со еколошки, општествени или политички цели, но дека некои од нив во меѓувреме биле ублажени, додавајќи дека и натаму разгледува илјадници претставки за ускратени банкарски услуги.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 4 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 17 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 20 часа

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања