Промени тема
Контакт

Трамп му даде поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryqsq87a7voc1n2MDXdQY

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори во Унгарија закажани за 12 април.

Во објава на мрежата Truth Social, Трамп го нарече Орбан „силен и моќен лидер“ кој постигнал „феноменални резултати“ и кој, како што наведе, „неуморно се бори за својата земја и народ“.

— реклама —

„Виктор напорно работи на заштита на Унгарија, развој на економијата, создавање работни места, промоција на трговијата, запирање на нелегалната имиграција и обезбедување закон и ред“, наведе Трамп.

— реклама —

Тој истакна и дека односите меѓу Соединетите Американски Држави и Унгарија достигнале ново ниво на соработка за време на неговата администрација, во голема мера благодарение на раководењето на Орбан.

„Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него за двете наши земји дополнително да го унапредат овој значаен пат кон успех и соработка“, нагласи Трамп.

— реклама —

Тој потсети дека го поддржал Орбан и на изборите во 2022 година и порача дека повторно му дава „целосна и апсолутна поддршка“ за реизбор.

— реклама —

Трамп во објавата ги повика граѓаните на Унгарија да излезат на изборите и да гласаат за Орбан, наведувајќи дека тој е „вистински пријател, борец и победник“.

„Виктор Орбан никогаш нема да го изневери големиот народ на Унгарија. Со него сум до крај“, нагласи Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп пред изборите дели по 90 долари на повеќе од 20 милиони Американци

Свет | пред 13 часа

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп даде интервју од 75 минути, Slate: Тој не е добро

Свет | пред 15 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: „Како може ова да се случи?“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања