Промени тема
Контакт

Трамп најави целосна забрана за миграција од „третиот свет“ по пукањето во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп најави една од најдрастичните мерки во историјата на американската имиграциска политика – трајна забрана на миграцијата од сите „земји од третиот свет“. Одлуката следи само неколку дена по смртоносното пукање во близина на Белата куќа, каде што авганистански државјанин ја усмрти припадничката на Националната гарда Сара Бекстром и тешко го повреди нејзиниот колега Ендру Волф.

— реклама —

Во објава на Truth Social, Трамп наведе дека целта е „целосно закрепнување на американскиот систем“ и запирање на „милионите незаконски влезови што ги дозволила администрацијата на Бајден“. Порача дека ќе бидат отстранети од земјата сите кои „не се нето-добивка за САД, претставуваат јавен товар или не се компатибилни со западната цивилизација“.

— реклама —
— реклама —

„Трајно ќе ја запреме миграцијата од сите земји од третиот свет. Ќе ги укинеме сите федерални поволности за недржавјани и ќе ја спроведеме единствената можна стратегија – обратна миграција“, напиша Трамп, додавајќи остра порака по повод Денот на благодарноста.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања