Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп најави дека ќе се „вклучи“ во судењето на Нетанјаху: „Ќе му помогнам, се однесуваат неправедно кон него“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
netanjahu

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за емисијата „60 Minutes“ на CBS дека ќе се „вклучи“ во судењето за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со цел, како што рече, „да му помогне малку“, јавува Axios.

Во разговорот со новинарката Нора О’Донел, Трамп го опиша Нетанјаху како „многу талентиран човек“ и „водач каков што му е потребен на Израел во време на војна“.

— реклама —

„Мислам дека не се однесуваат добро кон него. Се суди за некои работи што не заслужуваат таков третман. Ќе се вклучиме малку за да му помогнеме, бидејќи сметам дека тоа е многу неправедно“, изјави Трамп.

Интервјуто било снимено на 1 ноември, а емитувано вчера.

— реклама —

Како што потсетува Axios, ова не е првпат Трамп да се вмеша во случајот против Нетанјаху. Минатиот месец, за време на своето обраќање во израелскиот парламент, тој неочекувано го повика претседателот Исак Херцог да го помилува Нетанјаху, велејќи:

„Цигари и шампањ — кого воопшто го интересира тоа?“

— реклама —

Оваа изјава се однесуваше на обвиненијата дека Нетанјаху примал луксузни подароци од бизнисмени. Подоцна Трамп откри дека самиот Нетанјаху го замолил да го спомне тоа во говорот.

Трамп во неколку наврати преку својата социјална мрежа Truth Social повикуваше на обуставување на судењето, тврдејќи дека станува збор за политички мотивиран процес.

— реклама —

Против израелскиот премиер се води процес по обвиненија за поткуп, измама и злоупотреба на довербата во три одделни случаи.
Тој е обвинет дека примил подароци во вредност од над 200.000 долари од богати бизнисмени и дека на еден телекомуникациски магнат му овозможил регулаторни привилегии вредни стотици милиони долари, во замена за позитивно медиумско покривање.

Судењето трае веќе четири години, со чести одложувања кои, според израелските медиуми, се резултат на тактики за одлагање од страна на Нетанјаху.
Поранешен челник на безбедносните служби го обвини премиерот дека ги користи своите извршни овластувања за да го одолговлекува процесот.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

(Видео) Нов лапсус на Трамп: Ги помеша војните во Украина и Иран пред светските лидери

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп за наводната афера на поранешниот директор на „Нвидиа“: Националната безбедност не е загрозена

Свет | пред 13 часа

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп најави итна жалба: „Голф-теренот мора веднаш да се обнови“

Свет | пред 2 дена

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

(Фото) Трамп сподели лажна приказна создадена со вештачка интелигенција за неговата помош на повредено момче

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања